Ангеловска: Граѓаните на „kupuvamdomasno.gov.mk“ да проверат дали ќе добијат картичка за купување на домашни производи

0
168

Само што го промовираше министерката за финансии Ангеловска, падни – стани правеше сајтот „kupuvamdomasno.gov.mk“ на кој ги повика граѓаните да проверат дали се меѓу 325.000 лица кои ќе добијат платежна картичка за купување домашни производи. Покрај што паѓаше сајтот, се пролонгира и рокот, па сега нема да ги добијат картичките до 3 јули, туку до 18 јули, а парите ќе може да ги трошат до 15 август.

Со овие средства ќе се поддржат таргетираните категории граѓани, ќе се поттикне потрошувачката на домашни производи и услуги и преку вбризгување на 28 милиони евра ќе се поттикне економската активност.- рече Ангеловска.

Картичките ги работат девет банки, а граѓаните на сајтот преку впишување на матичниот број ќе може да се информираат кога ќе ја добијат и дали дома или од банка.

На списокот се речиси 114.000 активни невработени и социјалци кои ќе добијат по 9.000 денари. Треба да немаат приход поголем од 60.000 денари во првите 4 месеци од годинава. По 3.000 денари ќе добијат над 117.000 вработени лица со приход помал од 15.000 денари месечно. Нив им следува и ваучер за туризам од 6.000 денари. По 3.000 ќе добијат иоколу 87.000 средношколци и студенти. А картичка со 40 проценти од последната нето плата ќе добијат и речиси 4.400 здравствени работници влклучени во борбата со Ковид 19.

Продавниците ќе мора да имаат посебни оддели со макеоднски производи. А од картичките нема да може да се вади готовина.

А компаниите иако бараа повеќе месеци, сепак ќе може и за јуни да користат државна помош од 14.500 денари за исплата на плата.

Простор има за трет месец. Првиот месец беа исплатени околу 30 милиони евра, вториот месец нешто под 30, затоа што всушност 1.000 компании помалку аплицирале. Додека 18.000 компании се преклопуваат во првиот и вториот месец, а има значи дел нови компании кои што аплицирале тоа се 2.500 само за вториот месец да добијат поддршка. Ова укажува дека дел што не аплицирале за вториот месец а работели со поголеми падови во првиот месец, а вториот месец имаат опоравување- рече Ангеловска.

Ангеловска смета дека има опоравување кај дел од компаниите, но дополнително ќе проверува зошто на 21.000 работник не им е исплатена априлската плата, и зошто 5.000 компании воопшто не поднеле пресметки за плата, податок кој го објави УЈП.

Извор Телма