Бројот на заразени од коронавирус во светот надмина 9 милиони , над 464.000 починати

0
81

Бројот на заразени со коронавирус во светот денес надмина девет милиони, според пресметките на „Ројтерс“, додека Бразил и Индија се соочуваат со големо зголемување на бројот на заразени.

Првиот случај на инфекција е потврден во Кина на почетокот на март, а до средината на мај, биле заразени 4,5 милиони луѓе.

Потребни биле само четири недели да се удвои тој број, а до денеска се заразени повеќе од 9 милиони луѓе во светот, пишува Ројтерс.

Најголем број случаи се потврдени во Соединетите Држави, 2,2 милиони, или 25 проценти од сите случаи.

Инфекцијата се шири најбрзо во Јужна Америка, која учествува со 23 проценти од сите случаи во светот.

По САД, Бразил има најголем број заразени лица, додека Индија е на пат да ја престигне Русија на третото место во однос на бројот на заразени.

На глобално ниво, бројот на заразени лица се зголемува за околу 1 до 2 проценти на ден од почетокот на јуни.

Рекордни 176.000 нови случаи се регистрирани во петокот, според пресметката на Ројтерс.

Тогаш Бразил објави дека има повеќе од 54.000 нови инфекции, што е најголемото секојдневно зголемување во која било земја од почетокот на пандемијата.

Повеќе од 464.000 луѓе починаа низ целиот свет, а бројот на починатите се удвои во изминатите седум недели.

Кризата се продлабочува во Бразил, каде починаа повеќе од 50.000 луѓе, а нема тестирање во големи размери, додека земјата нема постојан министер за здравство.

Повеќе од 120.000 луѓе починале во САД, а бројот на нови инфекции се зголемува, откако опаѓал повеќе од еден месец.

Кина се обидува да го уништи жариштето во Пекинг, а властите велат дека можат да тестираат над милион луѓе за еден ден само во Пекинг.

САД тестираа над 594.000 луѓе за еден ден, но честопати помалку од половина милион тестови се спроведуваат во еден ден.

Во Германија, земја која успешно го контролира коронавирусот, стапката на репродукција на заразата со вирусот се искачи над нивото потребно за долгорочна контрола.

Австралија, исто така, се бори со големо зголемување на бројот на заразени во државата Викторија, додека во другите држави не се регистрирани поголем број нови заразени во последните неколку недели.

Шпанија, од друга страна, ги отвора своите граници, додека бројот на починати драматично се намали во Италија, што порано беше епицентар на пандемијата, а странските туристи пристигнуваат и во Грција.

Малку помалку од половина од заразените се опоравиле од коронавирусот, но бројот веројатно ќе биде поголем, бидејќи некои земји не објавуваат ажурирана статистика.