Во понеделник градоначалниците на состанок со Комисијата за заразни болести

0
73

Градоначалниците на скопските општини во понеделник ќе бидат викнати на состанок со Комисијата за заразни болести, дознава 24 инфо. Иако состанокот првично требаше да се одржи денес сепак е одложен за понеделник. Денес контактиравме со неколкумина градоначалници но ниту еден не знаеше за состанокот кој треба да се одржи првично денес. Велат дека никој не ги контактирал до моменот на нашето јавување. Вчера Комисијата за заразни болести излезе со соопштение дека мора на секое ниво да се јакне свеста за превенција од вирусот. Според најавите се очекуваше на денешниот состанок да бидат повикани и градоначалниците, кои треба посилно да помогнат во справувањето со растечкиот број на заразени од коронавирусот.

Во моментов во државаа има 40 кои според епидемиолозите се резултат на непочитувањето на мерките за лична заштита, дистанца и избегнување групирања и собири.

Извори од Комисијата за 24 инфо велат дека ова е последен обид да се стави некој ред кај граѓаните и тие да носат маски и да одржуваат дистанца. Доколку градоначалниците не успеат да делуваат на свеста на граѓаните да ги почитуваат мерките за носење маски и одржување дистанца, не е исклучено да се вратат построгите рестриктивни мерки.

Директорката на здравствениот и санитарен инспекторат Ирена Сотирова-Бухова вчера изјави дека зголемениот број новозаразени е исклучиво од непочитување на препораките, но и поради недавањето податоци за контакти.