Во Струмица откриени 38 мигранти

0
131

На 10.06.2020 во 01.00 часот на влез во Струмица, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Ново Село откриле 35 мигранти (21 од Бангладеш, 11 од Пакистан и три од Сирија).

Истиот ден, во 08.00 часот кај Кванташки пазар во Струмица, полициски службеници од Полициската станица Струмица откриле тројца мигранти од Пакистан.

Мигрантите биле предадени во Прифатниот транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија. Се работи на расчистување на случајот.