Ганиу: Вчера имав контакт со лице кое било позитивно, денеска се тестирав на коронавирус, резултати утре – сега сум во самоизолација

0
129

Градоначалникот на општина Чаир, Висар Гаиу за Телма вели дека вчера имал контакт со лице кое подоцна се дознало дека истото било позитивно на коронавирус. Денеска му бил земен брис, а во текот на утрешниот ден ќе се знае и резултатот од тестирањето.

Ганиу вели дека од една општина во која имало само 2-3 заразени лица на коронавирус, сега бројот на заразени рапидно е пораснат. Вели дека кластерите се познати и нема нови.

„Ние цело време преземавме мерки, но како локална власт ние долго се бориме со тоа. Ние немаме контрола со институциите кои одржуваат јавен ред и мир, ние не ги менаџираме нив исто како и здравствените организации. Тоа што беше под наша надлежност го направивме“, рече Ганиу.

Градоначалникот додава дека на почеток во општината се почитувале мерките, но тоа сега не е така поради тоа што секој зборува за вирусот, а се појавиле и инфомации дека вирусот веќе го нема и луѓето да не се плашат од него.

Извор 21Тв