Германија до 31 август ќе го продолжи предупредувањето да не се патува во 160 земји, меѓу кои и Македонија

0
141

Германската влада планира да го продолжи предупредувањето за патување во повеќе од 160 земји надвор од ЕУ до 31 август годинава поради страв од ширење на коронавирусот. Меѓу погодени земји ќе биде и Северна Македонија, пишува „Дојче веле“.

Во пракса тоа значи дека германските власти ќе ги советуваат своите граѓани да не одат на туристички патувања во тие земји.

Ќе бидат можни исклучоци, а тие ќе се прават врз основа на неколку критериуми.

За ваквиот предлог германската влада треба да расправа денеска.