Гренел го откажал состанокот меѓу Вучиќ и Тачи во Белата куќа: „Очекувам нов датум наскоро“

0
140

Специјалниот претставник за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Ричард Гренел, ја одложи средбата во Белата куќа, претходно планирана за сабота, на 27 јуни, откако премиерот на Косово, Авдулах Хоти, го известил дека не доаѓа.

Гренел на Твитер објавила дека ја разбира одлуката на премиерот на Косово, Авдалах Хоти, да не дојде на Вашингтон на состанокот и додал дека работи на промена на датумот на состанокот.

„Благодарам, премиере Хоти. Ја разбираме вашата одлука и очекувам наскоро да го смениме датумот на состанокот“, напишал Гренел на Твитер, во твитот на кој Хоти објавил дека не може да присуствува на состанокот заради новата состојба во Приштина, откако беа објавени обвиненијата против косовскиот претседател Хашим Тачи.

 

„Поради новите случувања во Приштина, поради обвинението предложено од Специјалното обвинителство, морам да се вратам во мојата земја за да се справам со оваа состојба. Го известив амбасадорот Гренел дека не можам да присуствувам на состанокот на 27 јуни во Белата куќа“, напишал Хоти на профилот на Твитер.

Вчера, Хашим Тачи го откажа своето патување во Вашингтон откако Специјалниот суд за кривични дела на ОВК ги објави содржините на првите предлози за обвинение, во кои се вклучени тој и Кадри Весели, шеф на поранешната тајна полиција.

Специјалниот пратеник на претседателот на САД за дијалог, Ричард Гренел, претходно имаше договорено средна меѓу Вучиќ и Хоти, кои треба да се состанат во Вашингтон.