Г7 прекинува со наплатата на долгот од најсиромашните земји

0
72

Министрите за финансии од Групата седум најразвиени земји (Г7) денеска се обврзаа дека ќе ги прекинат наплатите на долговите од најсиромашните земји, барем до крајот на оваа година, во согласност со претходниот став на Г20.

Во Г7 членуваат Германија, Канада, САД, Франција, Италија, Јапонија и Велика Британија.

Ќе прекинат официјалните наплати на билатералните долгови на сиромашните земји, со што тие ќе можат да ги финансираат своите социјални, здравствени и други потреби кои настанаа поради пандемијата на коронавирус.

Министрите за финансии и шефовите на централните банки на групата индустриски најразвиени земји – Г20 на 15 април одобрија привремено прекинување на наплатата на долгот од најсиромашните земји.