Денеска е Задушница, утре Духовден

0
85

Православните христијани, ја празнуваат Задушница, а утре Духовден. Празникот Задушница се одбележува во чест на душите на оние кои не напуштиле. На Задушница се сеќаваме на блиските лица кои се заминати од овој свет. Тоа е ден посветен на молитивите за заминатите роднини и пријатели. На овој ден вообичаено се посетуваат гробиштата каде што со молитва, пченица и лепче осветено со црвено вино се изразува помен за упокоените.

Но, годинава поради воведената забрана за движење заради пандемијата, посетата на гробиштата е забранета и поменот за починатите мора се врши само во храмовите и во домовите.

Се верува дека во периодот пред и после овој празник владеат моќни енергии. Обичај е да се посетуваат манастирите, а особено тоа треба да го направат оние кои бараат простување на гревовите или лек за некој болест.

Од манастирите треба да се понесе осветена вода која во следната година обезбедува хармонија во домот.

Во некои краеви се верува дека тогаш е засилена и енергијата на оние кои прават разни растителни мелеми. Во минатото се верувало дека за да се заштитат од несреќа во овој период од годината носеле чешне лук или пелин во џеб, а дрвата ритуално ги кителе со подароци.