СЗО ја промени својата позиција за заштитните маски

0
78

Препорака наместо скептицизам: Светската здравствена организација ги ажурира своите упатства за носење заштитни маски во борбата против ширењето на коронавирусот.

Светската здравствена организација (СЗО) им препорача на владите да го поттикнат населението да носи маски на јавните места каде што постои ризик од трансмисија на коронавирусот. Ажурираните препораки следуваат по резултатите од студиите спроведени во последните неколку недели.

„Со оглед на податоците, СЗО им советува на владите да ја охрабрат јавноста да носи маски во случај кога е тешко да се одржи физичка дистанца, како на пример во јавниот превоз, продавниците и во затворени и многу посетени места“, изјави генералниот секретар на СЗО, Тедрос Гебрејесус.

Нови студии

Претставничката на СЗО Марија ван Керхов изјави дека од оваа меѓународна организација ги советуваат властите да ги поттикнат луѓето да носат маски во јавност. „Им советуваме на владите да го поттикнат населението да носи маски. Поточно, нека носат маски од ткаенина, значи немедицински маски“, изјави Керхов во интервју за новинската агенција Ројтерс.