Дерковски: „Претседателот на Собранието да ни достави нов датум за избори, па седница на ДИК“

0
89

Претседателот на ДИК, Оливер Дерковски нема да закаже седница за разгледување на роковите за избори. Вели дека тоа ќе го стори откако претседателот на Собранието, Талат Џафери, ќе објави нов датум за избори. Според Дерковски, по завршувањето на вонредната состојба, во земјава се враќаат да важат законите и Уставот.

Но, други членови на ДИК размислуваат поинаку. Борис Кондарко, кој доаѓа од СДСМ, коментира дека од денес ќе течат роковите за избори на 5 јули. Тој заедно со уште тројца други членови на Комисијата, доставија до Дерковски денеска писмена иницијатива за свикување на седница.

Дерковски вели дека на оваа иницијатива ќе одговори утре. Денес во ДИК не беше присутна ниту заменик-претседателката на комисијата од редовите на ДУИ, Дитмире Шеху.