Доналд Трамп: Остри казни против оштетувачите на споменици

0
83

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша декрет за поостро казнување за оние кои ќе вршат оштетување на споменици.
Преку Твитер, синоќа американскиот претседател соопшти дека „тукушто потпишал строга регулатива за заштита на американскитеспоменици и статуи”. Со тоа треба да се застане на патот на најновото „криминално насилство.” „Долгогодишни казни затвор за овие незаконски дела против нашата прекрасна земја”, дополни Трамп.

Претседателот преку Твитер уште соопшти дека го откажал својот излет викендов во својот голф-клуб во Њу Џерси, за во Вашингтон да може „да се увери дека се спроведува ред и закон”. Белата куќа пак не даде официјално објаснување за откажувањето на планот за викендот.

Во изминатите денови во градот беа нападнати повеќе споменици. Така на пример, беше направен обид со јажиња да биде урната статуата на спорниот претседател Андрју Џексон пред Белата куќа, но неуспешно. Џексон, кој беше претседател од 1929 до 1937 година, бил трговец со робови и извршил преселби на Индијанците во големи размери за да обезбеди простор за белите доселеници.