Заврши учебната година – учениците оценки добија он – лајн

0
71

Овој пат во вонредни околности и надвор од училишните клупи, кои од 11 март се испразнија поради пандемијата.

Во второто полугодие учениците и просветните работници се соочија со една не толку позната ситуација што ја наметна пандемијата, па последните три месеци, учебната година се заокружи со онлајн-настава. Основците денеска ги имаа последните средби со своите наставници преку дигиталните алтатки, дел од оцените ги, а за дел од предметите ќе почекаат. Со последното улучување на меил, зум, мајкрософт тим ги завршија обрвските за оваа школска година. Деновиве во вечерните часови полцијата имаше полни раце работа да ги опоменува тинејџерите да не се групираат и да го почитуваат законот.

Денеска иако официјално завршил учебната година по парковите , клупите по фреквентинте места низ градот нашата камера не забележа поголеми групирања на млади луѓе и непочитување на мерките.

На новиот ритам на учење и оценување поркрај учениците мораа да се прилагодат и родителите.

Од општина Карпош велат дека оценувањето на учениците е предизвик за ниовните наставници бидејќи прв пат предавата и оценуваат на ваков начин – а и дека накнадно ќе се договорат на кој начин ќе се даваат сведителествата – чин на кој многу основци се радуваат.

Уписот на првачињата започна на први месецов, и ќе трае до 30 јуни.Првите уписни рокови за запишување во средно образование ќе бидат во средината на јуни, а средношколците кои годинава не ја полагаа државна матура е може да запишат високо образование на уписите во август или септември, со дипломата за завршено средно образование.

Извор Телма