Заев: На изборите граѓаните ќе потврдат дека продолжуваме на правиот пат!

0
92

После долги преговори, политичките партии во Северна Македонија се одлучија 15 јули да биде денот кога ќе се одржат изборите.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев верува дека на тој ден, граѓаните ќе потврдат дека се продолжува по правиот пат.

„СДСМ го заклучи 15 јули како конечен, последен и единствен датум за избори на коишто гарантирано ќе учествува опозицијата. Избори кои се за спас на државата.

Со избори на 15 јули, изборниот ден е во среда и е неработен ден за сите граѓани.

13 и 14 јули, односно понеделник и вторник, ќе бидат деновите кога ќе гласаат болни и изнемоштени лица, вклучително и граѓаните кои се позитивни на коронавирусот, дома или во болници, како и граѓаните кои се во самоизолација и хронично болните граѓани. Молкот ќе настапи на крајот на денот 12 јули, недела.

15 јули е денот кога граѓаните ќе потврдат дека продолжуваме на правиот пат, патот кон развој и напредок, кон економски раст и интеграција“, додаде Заев.