КАЈ ГЕВГЕЛИСКО ОТКРИЕНИ 142 МИГРАНТИ ВО КАМИОН, ПОЛИЦИЈАТА ГИ ЗАСИЛУВА КОНТРОЛИТЕ

0
131

Кај гевгелиско Милетково вчера попладне граничната полиција откри дури 142 мигранти кои со тешко товарно возило се обиделе да транзитираат низ земјава до македонско српската граница.

Возачот на камионот со ладилник, каде биле сместени мигрантите избегал, но идентитет е познат на полицијата за што е распишана интерна е распишана потерница.

Ова е еден од поголемите случаи на откриени мигранти од затворањето на балканската рута која станува повторно актуелна за што сведочат откриенит речиси 900 мигранти за десетина дена

Освен во гевгелиско и автопатот Пријателство, мигранти и криумчари се откриваат и во струмичко. За последниве 4 дена во три одделни случаи откриени се 50 тина мигранти при што едно возило со 11 лица од Пакистан учествуваше и во сообраќајка.

Дека се преселува рутата на илегални преминувања и транзитирања од гевгелиско кон струмичко призна и заменик министерката за внатрешни Славјанка Петровска која подвлече дека и на овој потег од државата се засилени контролите.

Петровска денеска од ГП Богородица апелираше до обвинтиелството и судовите да бидат поекспедитивни за вакви дела откако ќе бидат процесуирани кривичните за да одговораат криумчарите кои и покрај забраните и затоврени граници се обидуваат да ги транспортираат мигрантите од грчката до српската граница.

Извор Тв24