Меркел ги отфрли гласините дека ќе бара петти мандат

0
160

Германската канцеларка Ангела Меркел ги отфрли наводите дека може да побара петти мандат како шеф на владата, односно дека се премислила во врска со ветувањето оти ќе замине од политика кога ќе и истече мандатот на нејзината сегашна влада. Анкетите покажуваат дека поддршката за нејзиниот централно-десен блок расте од почетокот на пандемијата на коронавирусот, откако, како што беше проценето, добро одговори на здравствената криза.

Германија ги избегна високите стапки на смртност, истовремено избегнувајќи ги и острите мерки за изолација. Шеесет и петгодишната Меркел, која стана канцелар во 2005 година, во октомври 2018 година објави дека нема да побара нов мандат, но рече дека планира да го заврши сегашниот мандат, што треба да истече на крајот на следната година.