Полска ги отвори границите со соседите од ЕУ

0
113

Полска денеска ги отвори границите кон сите соседни земји членки на Европската унија. Границите беа затворени речиси три месеци поради коронавирусот.

Границата со Литванија беше отворена на 12 јуни, а повторното отворање на границите кон Германија, Чешка и Словачка стапи на сила на 13 јуни.

Полска олабави и дел од услови за влез од земји кои не се членки на ЕУ, но на сила остануваат контролите на границите со Украина, Белорусија и руската енклава Калининград. Земјата го суспендираше и железничкиот сообраќај со соседните земји кои не се членки на ЕУ и таа одлука останува на сила.

На граѓаните на Русија, Белорусија и Украина им е дозволено да влезат во Полска ако се сопружник или дете на полски државјанин или ако имаат полска дозвола за работа.

Во средината на март, полската влада го затвори влезот за странците, кои не се од ЕУ. Исклучоци има за оние со постојан престој, возачи на камиони и дипломати.

Летовите од Полска до дестинациите во ЕУ се планира да продолжат на 16 јуни.