Спасовски, Бајрактар и Шкриељ во посета на Крива Паланка

0
80

Премиерот Оливер Спасовски, заменик-министерот за труд и социјална политика Ѓонул Бајрактар и дополнителната заменичка-министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ денеска ќе ја осетата Општина Крива Паланка каде што ќе имаат средба со градоначалникот Борјанчо Мицевски.

Членовите на владината делегација ќе извршат увид на отпочнувањето на градежните работи за ревитализација на градскиот плоштад и градскиот парк. Ќе направат и обиколка на детската градинка „Детелинка“ – клон 2, каде треба да стартуваат градежните активности за зголемување на сместувачкиот капацитет, соопшти владината прес-служба.