Спасовски: Вирусот е опасен, строго да ги почитуваме мерките за заштита за да се намали бројот на заразени

0
84

КОВИД-19 секојдневно одзема животи. Денешниот висок број починати зборува само за едно: вирусот е тука, опасен е, а може да биде и смртоносен. Иако најголем дел од граѓаните се без симптоми, секој од нас може да биде под потенцијален здравствен ризик.

Апелирам, силно повикувам да се посветиме сите, преку строго преземање лична заштита да го намалиме бројот на новозаразени.

Едноставно е! Потребен е ангажман од секого за да воведеме целосна контрола врз епидемијата. Во спротивно уште долго време ќе се бориме со ризиците. Само од нас и од никој друг зависи каков ќе биде исходот од оваа битка.

Да ги направиме едноставните и неопходни чекори, без исклучок. Да носиме маски, да избегнуваме поголеми собири, да држиме дистанца и редовно да дезинфицираме. Да го штитиме нашето здравје, а со тоа ќе го заштитиме и јавното здравје.- порача премиерот Спасовски.