Трајчевски: Сериозниот политички притисок од СДСМ и БЕСА става дамка не само врз престојните избори, туку и врз претходните претседателски

0
88

Најголемите забелешки на СДСМ и коалицијата „Можеме“ и двете најекспонирани партии СДСМ и БЕСА, беа зошто на партијата БЕСА не и се дозволи право на платено политичко рекламирање, рече вечерва во Топ Тема директорот на АВМУ, Зоран Трајчевски. Ниту агенцијата и забранила на БЕСА, ниту директорот, ниту советот, тоа го оневозможува Изборниот законик, во кој што јасно и гласно пишува дека право на платено политичко рекламирање имаат само потврдените кандидати од ДИК, објасни Трајчевски и додаде дека БЕСА нема таква потврдена кандидатска листа и тоа може да се провери на интернет страната на ДИК.

Ова упатство е идентично со упатството што агенцијата го донесе за претседателските избори, кога кандидатот на СДСМ имаше 4 минути а двата опозициони кандидати г-ѓа Силјановска Давкова и г-динот Блерим Река делеа по две минути. Ние тогаш не слушнавме ниту еден збор или укажување од страна на СДСМ дека изборниот процес е нелегитимен и дека нивниот претседателски кандидат е фаворизиран. Ако агенцијата не беше во право и ако упатството беше „незаконско“, како што и денеска тврдеше ресорниот министер Манчевски, зошто владата во уредбата не и додели време на БЕСА? порача Трајчевски.

Тој обвини дека последните 4/5 дена бил вршен сериозен политички притисок од БЕСА, СДСМ, Заев и Манчевски, агенцијата да подлегне и да донесе незаконско упатство.

Синоќа имаа можност ако таа одлука и упатство на агенцијата беа незаконски, да го поправат тоа и да и дозволат време за реклами на политичката партија БЕСА. За жал тоа не го направија и тука се гледа лицемерието, кое што последните неколку дена преку силен политички притисок и подршка од делот од медиумите кои што се под директна контрола, пособено интернет порталите на СДСМ, да се принудат  членовите на советот да го сменат своето мислење, рече Трајчевски.

Трајчевски тврди дека одлуки што ги донел советот во однос на платеното политичко рекламирање и за изборите 2019 претседателски и за изборите 2020 година се донесени едногласно.

Тоа укажува дека советот и агенцијата имаат ист став и не го менуваат ставот како СДСМ, кои од утро до вечер има 17 става и ние како агенција не знаеме што всушност мислат. Така да законот е јасен, ова става сериозна дамка на изборниот процес, ваквиот притисок, затоа што последната уредба всушност ги става во привилигирана положба партиите од власта и ако направиме корелација со претседателските избори, става дамка и на претседателските избори, бидејќи испаѓа дека тогаш на нелегитимен, недемократски начин, со привилигирана положба е избран сегашниот претседател, рече Трајчевски.

Извор Телма