Рекорден раст на бројот на починати од Ковид-19 во Иран

0
85

Надлежните во Иран соопштија дека бројот на нови смртни случаи од Ковид-19 денес изнесува 121.

Тоа е најголем дневен раст на починати во таа земја за повеќе од два месеци.

Иране најтешко погодена земја од пандемијата на блискиот исток. За споредба, претходниот рекорден раст на бројот на починати е забележан на 11 април, кога се регистрирани 125 смртни случаи, наведува „Гардијан“.

Според податоците од министерството за здравство, вкупниот број на починати сега изнесува 9.863, а во последните 24 часа се регистрирани 2.445 нови случаи на Ковид-19, со што вкупниот број достигна 209.970.