Утре ќе биде соопштена пресудата за „Рекет“

0
86

Бојан Јовановски познат како Боки 13 и екс специјалната обвинителка Катица Јанева, утре ќе дознаат дали и колку години затвор ќе добијат за „Рекет“. Кривичниот суд ќе ја објави пресудата за нив, а на товар им се ставаат кривичните дела перење пари и примање награда за противзаконито влијание на Боки 13, а на Јанева злоупотреба на службената положба како шеф на СЈО. И двете кривични дела на Боки 13, според кривичниот законик, одделно, му носат од една до десет години затвор.

Додека на Јанева најмалку три години. Според обвинението, Боки 13 влијаел кај ексшефицата на СЈО за да му се замени затворскиот со домашен притвор на бизнисменот Орце Камчев, осомничен во „Империја“, за што добиле награда од Камчев од 1,5 милион евра. Јанева добила тросед, двоесд и фотеља вредни 5.000 евра и 50.000 евра.

Обвинителството на судењата презентираше и снимка како Боки 13 и Зоран Милевски Кичеец изнесуваат од домот на Камчев торба „Луј витон“, во која наводно има милион евра. Но, ова го негираа и двајцата обвинети. Јанева во своја одбрана рече дека тогаш во СЈО одлучиле сите осомничени пред новата 2019 да ги пуштат во домашен притвор, а го ослободил Врховниот суд, а не СЈО. Мебелот го купила преку Боки, за што и му дала пари. Боки 13, пак, тврдеше дека не знаел што имало во торбата „Луј Витон“, а на тогашната средба кај Камчев, не се зборело за пари. Го убедуваше судот дека не може да влијае врз Јанева и СЈО. Во „Рекет“ единствено Зоран Милевски – Кичеец призна вина и доби три години затвор. Тој пресудата ја обжали пред Апелација.

Наместо во кривичниот суд каде досега беа сите судења за „Рекет“, утре пресудата за ќе биде објавена во Врховниот суд. Ова е по барање на новинарите зашто се очекува голема медиумска покриеност, а услови за да се испочитуваат препораките со дистанца има токму Врховен.