Утре ќе се гласа за нов ректор на УКИМ

0
86

Во пресрет на изборите за нов ректор на Универзитетот Свети Кирил и Методиј, тројца од кандидатите денеска излегоа со заеднички став во врска со нивното учество во изборите.

Продолжуваат превирањата во ботката за ректорскиот трон на УКИМ. Професорите Драги Димитриевски, Петар Атанасов и Вујица Живковиќ ќе ги бојкотираат утрешните избори и покрај поднесените кандидатури. Се пожалија на притисоци во изборната трка. Велат и покрај сите нивни апели и укажувањето на Антикорупциска дека сега не се можни избори за ректор бидејќи е почната трката за парламентарните избори, спротивно на законите и Статутот на Универзитетот му е одземено правото да добие ректор во објективна и фер процедура.

Актуелниот ректор Никола Јанкуловски не сакаше да ги коментира ваквите обвинувања, бидејќи и самиот е кандидат за ректорското место. Кратко ни кажа дека Универзитетската изборна комисија го има последниот збор. Останува на ставот од пред две недели кога За Канал 5 изјави дека постапката за избор е целосно легална и нема пречка за одржување на изборите.

Проф.Гордана Лажетиќ, која дојде на позицијата претседател на Универзитетската изборна комисија, на местото на проф Пламен Тројачанец кој заедно со уште 5 членови поднесе оставка поради како што рече притисоци и уцени, вчера изјави дека сите права за утрешниот избор на ректор се исполнети.

Без тројцата професори кои ги повлекоа кандидатурите во битката за ректорскиот трон остануваат уште 4 професори. Актуелниот, Јанкуловски проф на Медицинскиот факултет, проф. Јане Ацевски и проф. Коле Василевски од Шумарскиот факултет, проф. д-р Александар Димитров од Технолошко-металуршкиот факултет.