Четири европски држави потпишаа договор со британска компанија за набавка вакцина против коронавирусот

0
100

Договорот е за 400 милиони дози вакцини, развиени во соработка со Универзитетот во Оксфорд.

Вакцината е во напредна експериментална фаза и се очекува да биде комплетирана наесен, рече Сперанца во објавата на Фејсбук.

Тој додаде дека првата серија на вакцини ќе биде достапна до крајот на годината.

Европската комисија во петокот доби мандат од владите на земјите членки на ЕУ да преговараат однапред за купување на ветувачки вакцини против коронавирус, рече највисокиот здравствен претставник на Унијата, но не се знае дали ќе имаат доволно пари на располагање.