Јанушев: Во пресрет на јубилејот на ВМРО-ДПМНЕ ветуваме дека повторно ќе ја издигнеме Република Македонија

0
75

Интегрален текст од изјава на Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

„По повод 127 години од формирањето на ВМРО и јубилејните 30 години од формирањето на ВМРО-ДПМНЕ, денеска ми е чест овде од Штип пред гордите револуционерни граѓани на градот Штип, градот во кој што пред се учителствувале, можеби најголемите дејци, најголемите револуционери од македонската историја, Гоце Делчев, Дамјан Груев, Ѓорче Петров.

Овде сме денеска да оддадеме почит на историското ВМРО, Внатрешната македонска револуционерна организација формирана во далечната 1983 година и наследникот на тоа историско ВМРО, партијата ВМРО-ДПМНЕ, која што е прва партија во Република Македонија којашто се залагаше, којашто бараше, којашто на крајот доби самостојна Македонска држава, која всушност ги постави темелите, идејата што се провлекуваше низ генерации, низ вековите за македонскиот народ.

За жал во овие три години, имаме една ситуација во која сите ние сме фрлени во една агонија, во една ситуација во која македонскиот народ го доведоа до скршена кичма, во ситуација во којашто можеби едноставно не можеше да се види светлото на крајот од тунелот. И сето тоа по вина на еден човек и на една партија, а тоа се Заев и СДСМ.

И доста е, време е да покажеме дека Македонија има народ којшто си ја сака државата, да покажеме дека и се потребни лидери коишто знаат како, лидери коишто ќе го поведат овој народ, коишто ќе ја поведат државата да биде економски исправена, и да имаме народ којшто ќе биде со гордо дигната глава, базирано на една идеологија којашто се провлекувала низ вековите.

Република Македонија е завет за сите нас, Република Македонија е тага, но истовремено Република Македонија е и радост. Македонија е се што имаме, 127 години ВМРО, 30 години ВМРО-ДПМНЕ. Да ни е вечна идејата, да ни е вечна Република Македонија!