Во Србија 379 новозаразени и починати 8 лица

0
155

Според последните податоци во Србија во изминатите 24 часа регистирани се 379 нови случаи на заразени лица со коронавирусот. Изминативе 24 часа биле тестирани 9.817 лица.

Починати се осум пациенти, со што вкупниот број на смртни случаи се искачи на 551.

На респиратор се 156 пациенти, од 4.531 хоспитализирани.

Од почетокот на пандемијата тестирани се 641.091 лица.