Дебранец привeден по фотографирање на гласачкото ливче со телефон

0
130

Жител на Дебар е приведен, откако го фотографирал гласачкото ливче со кое гласал на избирачко место.

„Приведено е лицето А.Д. (30) од Дебар, врз основа на барањето за интервенција од претседателот на избирачкиот одбор лоциран во ОУ „Саит Нјадени“. Тој во 13:15 часот откако гласал, со својот мобилен телефон го фотографирал гласачкото ливче“, потврди портаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Против дебранецот е најавено оти ќе се преземат соодветни законски мерки.