ДИК до 19:30 ќе прима приговори за утврдувањето на резултатите

0
172

До 19 часот и 30 минути вечерва може да се поднесуваат приговори за сумирањето и утврдувањето на резултатите од предвремените парламентарни избори.

До Државната изборна комисија (ДИК) вчера пристигнаа 82 приговора и едно барање за увид во неважечките ливчиња од гласањето.

ДИК не прецизира на што се однесуваат приговорите од Алијанса за Албанците, но оние од ВМРО-ДПМНЕ вели дека се за сумирање на резултатите.