Почна истрагата против досегашниот француски премиер поради начинот на управување со епидемијата на корона

0
147

Францускиот специјален суд денеска нареди да започне истрага против досегашниот премиер Едуард Филип и двајца министри за здравство за нивното управување со кризата.

Пациентите заразени со корона вирусот, лекарите, затворскиот персонал, полициските службеници и други француски државјани во последните неколку месеци поднеле 90 тужби до Судот на правдата, главно заради недостаток на маски и друга опрема иако вирусот се шири низ Европа.

Судот надлежен за процесите против високи државни службеници соопшти денеска дека отфрлил 44 од 90 судски спорови и дека 37 се уште се разгледуваат.

Девет тужби, кои, според Судот, заслужуваат истрага, биле поднесени против Филип, поранешниот министер за здравство Оливие Веран и неговиот претходник, министерот за здравство Анесје Бузин, кој беше на чело на одделот до 16 февруари.

Тие се обвинети за „неуспех во борбата против катастрофата“, а се соочуваат со казна до две години затвор, во случај на судење и осуда.

Неколку часа пред Судот да го објави започнувањето на истрагата, Владата предводена од Филип поднесе оставка. Францускиот претседател Емануел Макрон се определи за промени во владата по лошиот резултат на неговата центристичка партија на последните локални избори.

Владата на Макрон и Филип призна дека има недостаток на маски во земјата и дека имало други лоши потези за време на здравствената криза. Властите исто така беа критикувани за ненавремено спроведување на рестриктивни мерки.

Додека е претседател, не може да се покрене тужба против Макрон, бидејќи тој ужива имунитет.

Коронавирус е потврден во Франција кај повеќе од 166,000 луѓе, од кои скоро 30.000 починале.

Извор Канал5