Се одложи почетокот на судењето за „Меѓународен сојуз“

0
73

Првите луѓе на Меѓународниот сојуз повторно се собраа но овојпат во судница. По барање на обвинетата пратеничка на СДСМ Фросина Ременски која побара изземање на обвинителката Вилма Русковска, судењето е одложено за 21 јули.

„Јас имам сериозни аргументи коишто ќе одат во контект на докажување дека ниту едно дејствие не е кривично дело коешто ниту е објаснето ниту е посочено од самата застапничка на обвинението, тоа е дополнителен аргумент, зошто се бара изземање на јавниот обвинител, бидејќи се сомневаме за една сериозна селективност и тенденциозност“, рече Фросина Ташевска Ременски, пратеничка.

На барањето на Ременски се придружи и Боки 13.

„Рускоска го застапуваше предметот „Рекет“ тенденциозно и селективно, а со нејзина согласност Судот донесе одлука Кичеец да биде пуштен на слобода. Тој е пуштен бидејќи идат избори и заедно со Рускоска треба да местат избори.“

Никогаш не сум дозволила емоциите да ми влијаат во која било постапка, туку сум се водела од доказите – им одговори Русковска.

„Никогаш пристрасно не сум се однесувала кон ниту еден предмет, а сум ги сработила можеби повеќе од илјада. Нема никогаш да си дозволам емоции или било што друго да ме води при постапување на предмет“, рече Русковска.

Покрај Ременски и Боки 13 обвинети се и неговиот татко, потпретседателката Ерцетговиќ и асистентката за измама и перење пари.