Трамп: „Полицијата уби повеќе белци отколку Афроамериканци“

0
128

Американскиот претседател Доналд Трамп на прашањето на новинарите во врска со полициското насилство во неговата земја, порача дека полицијата во САД убила повеќе белци отколку Афроамериканци, јавува aгенцијата Анадолија.

Трамп во интервјуто за телевизиската куќа „Си-би-ес“ (CBS) зборуваше за полициското насилство кое е повторно во фокус по убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд на 25 мај оваа година, но и за односот со Кина и пандемијата на Ковид-19.

Трамп смртта на Флојд од полициско насилство ја нарече „ужасна“, а на прашањето на новинарите, „Тогаш, зошто црнците сè уште умираат од полициското насилство?“, беше многу остар.

„Белците исто така умираат од полициско насилство. Какво е тоа страшно прашање? Белците дури и умираат повеќе од Афроамериканците“, изјави Трамп.

Наведувајќи дека училиштата кои преминале на образование на далечина поради избивањето на Ковид-19 би требало повторно да бидат отворени наесен, Трамп рече дека училиштата кои не сакаат да се вратат во образованието лице в лице, прават голема грешка.

Тој нагласи дека држењето на училиштата затворени е поопасно од вирусот.

Кога станува збор за односите со Кина, Трамп порача дека моментално нема желба да разговара со Кинезите.