Фолксваген се откажа од фабриката во Турција , требаше да се отворат 4.000 нови работни места

0
81

Германскиот производител на автомобили Фолксваген денеска објави дека се откажува од изградбата на фабрика во Турција, поради економската криза предизвикана од пандемијата на коронавирус.

Одлуката е резултат на „пропаѓање на глобалната побарувачка за автомобили предизвикана од кризата со корона“, соопшти VW.

Компанијата имаше намера да изгради фабрика во провинцијата Маниса во западна Турција и веќе има основано подружница што е регистрирана во локалниот трговски суд со регистриран капитал од околу 164 милиони американски долари.

Фабриката требаше да произведува до 300.000 автомобили годишно, со 4.000 нови работни места во регионот.

Пандемијата ги спречи овие планови.

,,Во денешен контекст, создавање нови капацитети не е потребно, рече портпаролот на VW. Сите планирани проекти поврзани со возилата ќе бидат имплементирани во објекти во рамките на постојната мрежа за VW, додаде тој.

Изградбата на фабриката во Турција за прв пат е прекината во октомври 2019 година, поради воениот упад на Турција во соседна Сирија, што донесе бројни критики за владата во Анкара, на сметка на кршење на човековите права.