Црна Гора повторно прогласи епидемија – секаде мора да се носат маски

0
174

Црногорското „Национално координативно тело за заразни болести“ повторно одлучи да прогласи епидемија на коронавирус на терирорија на цена држава, соопшти Владата.

Црна Гора прогласи крај на епидемијата на 2 јуни, но од средината на јуни, кога е регистриран првиот нов случај, драстично се зголеми бројот на пациенти, така што до денес има 1.920 заболени, додека 26 починале.

Од денеска воведени се неколку нови привремени мерки за да се спречи ширењето на инфекцијата, а во исто време, во некои општини каде е намален епидемиолошкиот ризик, мерките ќе бидат ублажени.

Употребата на заштитни маски и надвор и внатре е задолжителна низ цела Црна Гора. Маски, исто така мора да носат деца постари од седум години, освен на плажи и во национални паркови, под услов да се чуваат настрана од други луѓе и други, претходно пропишани мерки.

Собирот е ограничен на целата државна територија на најмногу 40 лица на јавни места надвор, и на 20 лица внатре, со обврска да одржува растојание од најмалку два метра од другите луѓе. Оваа обврска не се однесува на објекти за домување, се вели во соопштението на Владата.

Продолжена е забраната за работа на ноќни клубови, организирање на свадби, дипломирање, роденден и други приватни прослави, организирање на забавна и музичка програма во угостителските објекти.

Владата соопшти дека се ублажуваат посебните мерки што претходно беа објавени во одредени општини на северот во: Андријевица, Плав и Гусиње. Таму, работата на угостителските објекти е дозволена од 6 до 22 часот.

Во Општина Рожаје е скратена претходната забрана за излегување надвор, која важеше од 18 часот до 5 часот наутро, така што сега важи од 22 часо т до 5 часот наутро.

Извор 21Тв