Блокадата кон Русино ќе трае уште десет дена

0
72

Рампата на локалниот пат што води од Гостивар до регионалната депонија Русино ќе биде спуштена уште десет дена. Комуналниот смет од гостиварската општина повторно ќе се носи на депонијата. Решението дојде по состанокот на претставници на граѓанската иницијатива „Стоп Русино – чист воздух за Гостивар” и првиот човек на општина Гостивар.

„За да добиеме поддршка и од останатите општини кои се засегнати со овој проблем донесовме заклучок да се блокира патот уште десет денови. Во меѓувреме да оствариме уште неколку средби и да се оствари целта: Затварање на ова ѓубриште“, вели Марија Спасоска од Граѓанската иницијатива „Стоп Русино – чист воздух за Гостивар”

Од иницијативата потврдија дека по состанокот било констатирано дека сите барања се исполнети. Добиле уверување дека и последеното за поставување на камери за надзор наскоро ќе биде исполнето

Од состанокот, произлегол и договор со локалната самоуправа за меѓусебна поддршка.

„Во натамошните разговори со институциите ќе бидат повикувани и претставници на иницијативата. Со ова, локалната самоуправа искажа волја за решение на овој повеќе децениски проблем“, вели претставникот на Граѓанската иницијатива „Стоп Русино – чист воздух за Гостивар” .

Изминативе осум дена имаше привремен договор за пропуштање на камиони со отпад за се спречи трупање на комунален смет во градот и околните населби. Од иницијативата нагласуваат дека на блокадата ќе останат и наредниве денови и со список од ЈП Комуналец ќе го контролираат носењето на отпадот.

Рампата на патот кон Русино ќе биде спуштена уште најмалку десет деноа и нема да се пропуштаат камиони со отпад од други општини
Извор ММС