Артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

0
103

Ги информираме граѓаните на Скопје дека денеска, 17 август 2020 година (понеделник), со почеток во 10 часот, по повод 18 Август – Денот на Армијата, во касарната ,,Илинден“ во Скопје ќе се изврши пробна артилериска стрелба со четири поединечни истрели од артилериски орудија.

Утре 18 август 2020 година (вторник), исто така со почеток во 10 часот ќе се изврши почесна артилериска стрелба со истрелување на пет плотуни од артилериски орудија на единица на артилерискиот баталјон на Армијата.

КАНЦЕЛАРИЈА ЗА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТА НА АРМИЈАТА