Короната уби 826.512 луѓе, повеќе од 24 милиони заразени

0
124

Најмалку 826.512 луѓе починале од коронавирус во светот досега, заразени се повеќе од 24.229.710, додека најмалку 15.578.100 се опоравиле од болеста, според најновите податоци од Агенцијата Франс Прес.

Бројот на заразени лица не ја претставува вистинската слика за пандемијата, бидејќи некои земји ги тестираат само сериозно болните, некои користат тестирање за да го следат вирусот, додека голем број на сиромашни земји имаат ограничен капацитет за тестирање.

Во средата, 6.344 нови жртви се регистрирани ширум светот, а 268.230 се новозаразени. Земји со најголема смртност се САД со 1.024 жртви, Бразил со 1.085 и Индија со 1.023 жртви.