Познат составот на новата Влада

0
146

По постигнатиот договор меѓу СДСМ и ДУИ за формирање парламентарно мнозинство и формирање влада, веќе се познати се и персоналните решенија во новиот владин состав, стои во текст на 360 степени.

Во новата влада, министри од СДСМ се:

Љупчо Николовски – вицепремиер

Фатмир Битиќи – вицепремиер за економија

Никола Димитров – вицепремиер за европски прашања

Оливер Спасовски – министер за внатрешни работи

Радмила Шекеринска – министерка за одбрана

Венко Филипче – министер за здравство

Мила Царовска – министерка за образование и наука

Бојан Маричиќ – министер за правда

Благој Бочварски – министер за транспорт и врски

Јахода Шахпаска – министерка за труд и социјална политика

Ирена Стефоска – министерка за култура

Аријанит Хоџа од БЕСА го добива Министерството за земјоделство, а Горан Милевски од ЛДП останува министер за локална самоуправа.

Од ДУИ, во новиот владин состав влегуваат:

Артан Груби – прв вицепремиер и министер за политички систем

Фатмир Бесими – министер за финансии

Бујар Османи – министер за надворешни работи

Крешник Бектеши – министер за економија

Насер Нуредини – министер за животна средина

Од ДУИ соопштија дека за Министерството за информатичко општество и администравија дополнително ќе се одлучува. Како што дознаваме, кандидатката за оваа позиција, Ширет Елези, не поминала на вечерашниот Централен совет на ДУИ. Таа досега беше заменик-министерка за финансии.

Извор: 360 степени.