24 позитивни лица на коронавирус од Скопје слетале на аеродром во Финска

0
99

Финскиот надлежен министер денеска посочил дека на аеродромот во Турку во Финска 24 од вкупно 157 патници кои пристигнале со лет од Скопје се позитивни на коронавирус, пишува Ројтерс.

Доброволното тестирање беше организирано на аеродромот Турку во Финска во саботата за сите патници кои пристигнаа на лет од Скопје, откако властите проследиле летови од Северна Македонија и Букурешт во Романија, како два главни извори на неодамнешни нови инфекции со корона вирус во Финска“, изјави министерот за семејни работи и социјални услуги, Криста Киуру, пред новинарите.