Поради СДСМ Македонија стана слепо црево на Европа во инфраструктурата

Три години СДСМ не излезе да соопшти колкав е процентот на реализација на автопатот Кичево-Охрид, а она што се гледа на терен е дека прогрес на тој автопат нема.

Манипулацијата со бројките не излегува од устата на СДСМ, 550 километри автопати три години не се случија, 600 километри магистрални експресни патишта не се случија.

Пред избори Заев велеше дека изградиле 220 километри автопати, но немаат ниту еден километар започнато.

Додека кај СДСМ главна вест беше рушење на дивоградба кај Мавровка, во регионот има сериозни промени. Имено Србија и Косово во САД склучија сериозни договори, од кои само во Косово преку една милијарда долари одобрени во наредната година за изградба на автопат од Приштина до границата со Србија.

Со СДСМ на власт единствено Македонија добива криминал и корупција.

Соопштение на ВМРО ДПМНЕ