Бројките на новите инфекции тврдоглаво никако да се намалат

0
95

Бројките на новите инфекции тврдоглаво никако да се намалат. Денеска има 140 нови заразени и четворица починати, но она што можеби треба да ги загрижи здравствените власти е дека по одредена стабилизиација и паѓање под 300 бројката на хоспитализираните пак почна да расте. Според податоците на Министерството за здравство вчера имаше 329 хоспитализирани, а денеска таа бројка се искачи на 337. Бројките покажуваат дека на 1 септември имало 2.326 активно заболени и 310 хоспитализирани. Денес, на 12 септември, има 1.920 активно заболени (пред четири дена имаше 1.895), но бројката на хоспитализираните пациенти од 3 септември кога падна под 300 – на 293, повторно се искачува.

Забележливо е дека бројот на хоспитализиациите во Инфективната клиника и ГОБ „8 Септември“ е генерално во стабилни бројки, но се зголемува бројката на оние што се примени во болница низ државава. Без болниците во Штип и Битола вчера имаше 136 хоспитализирани пациенти, денеска тој број е зголемен за девет и изнесува 145. Ова значи дека не смее да има ниту еден ден опуштање и дека нѐ чека уште долга борба со вирусот.