Време: Денес сончево, до +36, од утре дополнителен пад на температурите

0
108

Сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне претежно во северните делови со услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер, во западните делови од западен, а вдолж Повардарието најпрво од јужен, а попладне од северен правец. Максималната температура до 36 степени. УВ=8. Тоа е прогнозата на УХМР за првиот септемвриски ден.

Од утре ќе има повремено заголемување на облачноста и позначително намалување на температурата проследено со северен ветер. Локален пороен дожд и грмежи се очекуваат в петок и в сабота.