Се апсат терористи

0
123

Министерството за внатрешни работи во соработка со Агенцијата за национална безбедност и Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција презеде оперативно-тактички мерки и активности што резултираа со приведување на тричлена терористичка група која делувала на територијата на земјава.

Како што соопшти денеска МВР, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал-Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција против Б.А. (28) од Куманово, а кој престојува во Скопје, за сторено кривично дело „терористичка организација“ и „тероризам“. Кривична пријава е поднесена и против В. А. (22) и Е. Љ. (25), двајцата од Куманово, за сторени кривични дела „терористичка организација“ и „тероризам