Време: Од денес пад на температурите за неколку степени

0
132

Претежно сончево, ќе дува умерен до засилен северен ветер и ќе биде за неколку степени посвежо. Максималната температура до 33 степени. Во крајните источни делови ќе има услови за краткотраен пороен дожд. УВ=7. Тоа е прогнозата на УХМР за денеска.

Слично време со слични температури се очекува и во следните денови. В петок ќе има појава на изолирана нестабилност проследена со умерен до засилен северен ветер.