Орбан: Државата е „под целосен оклоп“!

0
108

Во неделното интервју за Радио Кошут, премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, рече дека неговата влада мора да се фокусира на спасување животи, особено стари лица, како и обезбедување на неопходните услови за работа на училиштата и зајакнување на економијата. Тој апелираше до младите да ги почитуваат превентивните мерки, додавајќи дека од нив првенствено зависи животот на нивните родители и баби и дедовци.

Орбан додаде дека земјата е „под полн оклоп“ и го очекува вториот бран на епидемијата на коронавирусот.