ХРВАТСКА ДОЗВОЛИ ТАНЦУВАЊЕ НА СВАДБА АМА САМО МЛАДОЖЕНЦИТЕ И НИВНОТО БЛИСКО СЕМЕЈСТВО

Хрватскиот Завод за јавно здравје објави нови препораки за свадби, според кои танцувањето е дозволено само за младенците и нивните родители, или за членовите на блиското семејство, на почетокот на прославата, а после тоа не е дозволено танцување.

 

За време на свадбената прослава, се препорачува физичко растојание од еден и пол метар во сите области, и ова правило не мора да се применува кај членови на исто домаќинство или лица кои се во близок контакт.