Азербејџанскиот претседател соопшти дека неговата армија презела контрола врз 13 села

0
115

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев соопшти дека азербејџанската армија презела контрола врз 13 села во регионот Џебраил, во Нагорно-Карабах, пренесоа руските медиуми.

Алиев притоа ја обвини Ерменија дека вчера повторно го прекршила договореното хуманитарно примирје.

„Ерменските вооружени сили, грубо кршејќи го договорениот привремен прекин на огнот на 18 октомври, гаѓаа со тешка артилерија кон населените места и борбените позиции во Азербејџан”, додаде тој.