ВМРО-ДПМНЕ: Полиција и обезбедување повикани во Советот на Ѓорче Петров

0
86

Во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ се вели дека откако биле одбиени барањата на партијата за дневниот ред и откако кон барањата се приклучиле и граѓани од Иницијативата против урбано дивеење, била повикана полиција и приватно обезбедување. В

Во соопштението се наведува дека на денешната седница на Советот на општина Ѓорче Петров советниците од ВМРО-ДПМНЕ побараа присуство на градоначалникот Александар Наумовски и ставање на дневен ред на точката – Ревидирање на ДУП СЗ 24, со што бараат да се намали катноста на зградите и укинување на одредбата која што дозволува висина од 58 метри или 17 ката.

Советниците од партијата, како што е наведено во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, бараат да се намали бруто развиената градежна површина која сега изнесува над 90000 метри квадратни и 800 станови, намалување на опфатот на градежна површина, а зголемување на површината на зеленилото. Барањето беше одбиено од СДСМ.

„По двете барања на седницата се приклучија и претставниците на Иницијативата против урбаното дивеење во Ѓорче Петров кои на 16 септември поднесоа барање за ревидирање на ДУП-от во општина Ѓорче Петров, поточно СЗ 24 во месноста Јурија во Дексион. И претставниците на Иницијативата против урбаното дивеење во Ѓорче Петров побараа одговор од претседателот на Советот на општина Ѓорче Петров зошто во изминатиот период на неколку пати точката не се става на дневен ред и со самото игнорантско однесување придонесуваат за бес кај засегнатите граѓани. Претседателот на Советот, Илија Спасовски ја отфрли можноста и овој пат да ја стави точката на дневен ред, а со тоа повторно покажа непочитување на потребите на граѓаните и го затскрива главниот застапник на урбаната мафија, Александар Наумовски”.

Потоа, реагира ВМРО-ДПМНЕ, „градоначалникот и локалната власт, во недостиг на аргументи за барањата на граѓаните, повикаа полиција со цел да создадат страв и паника, како кај советниците на ВМРО-ДПМНЕ, така и кон претставниците на иницијативата. Дополнително беше повикано и приватно обезбедување со цел заплашување на советниците и граѓаните”.

Според ВМРО-ДПМНЕ, советничката група на СДСМ со нејзиното поддржување на ДУП-от за СЗ 24 во месноста Јурија во Дексион, директно соучествува во урбаното дивеење на Александар Наумовски, „со што се потврдува тезата дека градоначалникот директно е вмешан во урбаниот криминал во општина Ѓорче Петров”.