Во Полска алармантно 5000 заразени премиерот во карантин

0
122

Полското Министерство за здравство пријави 5068 нови случаи на коронавирус, додека премиерот треба да биде ставен во карантин поради близок контакт со заразено лице.

Полска најави нови ограничувања за спречување на ширењето на коронавирусот, откако рекорден број на заболени лица се пријавија петти ден по ред. Мерките вклучуваат специјално време на пазарување за постари граѓани и зголемено финансирање на старски домови.

Најновите податоци објавени од Министерството за здравство на Твитер покажаа дека починале уште 63 лица.

Земјата со 38 милиони жители пријавила вкупно 135.278 случаи на коронавирус и 3101 смртен случај.

Министерството соопшти дека пациентите имаат заземено 5.669 болнички кревети до вторникот и дека се користат 421 респиратор, во споредба со 5.262 заразени и 404 вентилатори користени претходниот ден.