Македонската економија е во многу тешка состојба, предупредуваат дел од економските експерти.

0
75
 
 
 
 
Македонската економија е во многу тешка состојба, предупредуваат дел од економските експерти. Џевдет Хајредини, смета дека мерката викенд без ДДВ не е добра, затоа што со неа не се помага на тие чија помош им е неопходна.

 

Хајредини смета дека треба да се внимава и на задолжувањата, затоа што секое задолжување, значи поголеми даноци и долг на самите граѓани.

-Отворениот влез без тест за КОВИД 19 за нашите соседи од Косово, нема да ја подобри економската ставка на државата. Но во секој случај, ако здравствените власти оцениле дека нема ризик по здравјето на нашите граѓани, тогаш оваа мерка е позитивна и ќе влијае позитивно на психолошки план, затоа што голем дел од нашите граѓани имаат роднински и пријателски врски со жителите на  Косово, рече Хајредини

Како еден од поглавните пробеми во полошкиот регион е недоаѓањето на печалбарите кои трошеа поголема сума на пари кога во летниот период пристигнуваа дома или кај своите најблиски. Но, сега без нив односно без нивните пари кои секоја година ги оставаа претежно во трговскиот и угоститеслкиот сектор, состојбата во полошко е загрижувачка.