Ниту еден пратеник нема да оди во изолација

0
92

ПРВА ЛИНИЈА
Home ПОЛИТИКА
Ниту еден пратеник нема да оди во изолација
October 12, 2020 08:18

Ниту еден пратеник или вработен во собраниските служби нема да оди во изолација поради Ковид-19 откако беше соопштено дека двајца пратеници се позитивни на вирусот. Ова вчреа го соопшти директорот на Центарот за јавно здравје Александар Стојанов, кој рече дека во Собранието на Република Северна Македонија се почитуваат сите мерки и препораки за превенција од Ковид-19.

Пратеникот Лазе Таневски од СДСМ преку својот Фејсбук профил соопшти дека е позитивен на Ковид-19, додека вчера собраниските служби информираа за пратеникот Исмаил Јахоски од ДУИ. Таневски правел тест за ковид бидејќи сакал да патува во странство со семејството и е во изолација во домашни услови, додека Јахоски имал зголемена телесна температура и е хоспитализиран на Инфективната клиника.

Од Кабинетот на претседателот на Собранието Талат Џафери не коментираат како ќе се одвива работата на законодавниот дом во наредните недели.

Џафери претходно повеќе пати предупреди дека работата на Парламентот мора да се усогласи со новите услови за работа, но тоа да се случи треба промена на Деловникот за работа на Собранаието. Владејачките партии предводени од СДСМ сметаат дека парламентот треба да има можност за онлајн-работа, додека опозициската ВМРО-ДПМНЕ смета дека Уставот тоа не го дозволува.

Министерот за здравство Филипче денеска рече дека негова и пепорака на Комисијата за заразни болести од почетокот на кризата е секој што може да работи од дома, онлајн, тоа да го стори, а оваа препорака се однесува и на пратениците.